Информации

Принципи на Стратегијата за млади (2014-2019):

○ Подобрен пристап

Преку Стратегијата за млади важно е да се зголеми активната соработка со младите на ниво на Општина Битола. За тоа се потребни неколку значајни предуслови:
– младите да имаат можност за развој на своите капацитети за да станат активни граѓани,
– младинските организации да можат активно да делуваат во граѓанскиот сектор и да ги вклучуваат младите,
– да се зголеми бројот на млади кои се дел од младински организации или кои учествуваат во активности за млади;

○ Создавање можности

Со цел да се зајакне учеството на младите во процесите на носење одлуки на локално ниво, потребно е да се создадат можности за младите да иновираат, создаваат и учат. Притоа е значајно да се зајакне системот за поддршка на млади на локално ниво како значаен предуслов за создавање можности за развој во младинскиот сектор.


○ Обезбедување учество

Учеството на младите може да се набљудува од различни страни:
– учество на младите во младинските организации и клубови, како и нивната можност активно да ги носат одлуките во истите,
– учество на младите во носење одлуки за прашања што нив ги засегаат во рамки на локалните институции и организации,
– учество на локалниот младински совет (доколку се создаде) при носење одлуки кои се од интерес за младите,
– развој на механизми за учество кои се стремат кон намалување на пречките за младите да бидат слушнати од оние кои ги носат одлуките;


○ Почитување на разликите

Стратегијата е развиена врз принципот на почитување на разликите и пред сè почитување на фактот дека младите се многу динамична и хетерогена група. Притоа е важно да се напомене дека со спроведувањето на стратегијата морa да се обезбеди простор за учество на сите различни групи и индивидуи, без разлика на нивната апсолутна бројност. Како стратегија за млади има за цел да поттикне заедничко учество на сите различни групи млади и на тој начин оваа стратегија ги почитува сите овие разлики.


○ Структурен дијалог

Како принцип на Стратегијата е потребата разговорот и решавањето на одредени прашања и проблеми на младите да биде структуриран за подолг период. Поради комплексноста на одредени проблеми и прашања на младите, нивното решавање не може да дојде преку еден проект или програма, туку мора да биде резултат на подолг процес на дијалог меѓу општинските власти и младинските организации.

Powered by themekiller.com