Волонтерството значи одвојување на своето време и енергија преку трето лице/страна, што носи значајни бенефити за самиот волонтер, индивидуалните корисници, групи и организации, средината и/или општеството во целина. Тоа е делување по сопствена волја, и не е мотивирана примарно заради финансиска добивка или за плата/надоместок.
Постојат повеќе начини на кои можете да се вклучите во работата на Советот на млади. Можете да волонтирате, да споделувате идеи и предлози за организирање на младински активности, можете да ги понудите вашите експертизи на волонтерска база итн.
Доколку сакате да волонтирате во Советот на млади, односно Локалниот младински совет, Ве молиме пополнете го и испратете го формуларот даден подолу и ние ќе Ве контактираме.

Powered by themekiller.com